Со ова соопштение Ве известуваме дека Агенцијата за електронски комуникации отпочнува со процесот на развој и имплементација на BU-LRIC модел за пресметување на цени за битстрим услуги понудени од оператори со значителна пазарна моќ на релевантниот големопродажен пазар.
Воедно Ве покануваме на јавен состанок кој ќе се одржи на ден 14.10.2011 година (петок), со почеток во 13 часот, во просториите на Контролно Мерен Центар – Зајчев Рид. Тема на состанокот ќе биде запознавање со процесот на развој на BU-LRIC модел за пресметување на цени за битстрим услуги кој ќе биде спроведен во наредниот период.
Образложение за отпочнување на процесот