Select Page

Агенцијата за електронски комуникации на ден 30.03.2011 година (среда) во 14:00 часот на свечен начин ќе го одбележи чинот на поставувањето на камен темелникот на новата зграда на Агенцијата на Кеј Димитар Влахов бб, Скопје. Новото седиште на Агенцијата ќе биде изградено со сопствени средства одобрени од Собранието на Република Македонија. Зградата треба да биде изградена во рок од 15 месеци со околу 3300 m2 корисна површина за потребите на Агенцијата, а се со цел за унапредување на нејзините просторни и работни капацитети.

Ни причинува особена чест и задоволство да Ве поканиме да присуствувате на поставувањето на камен темелникот на новиот административен објект на Агенцијата за електронски комуникации.

{gallery}aek2011{/gallery}