Select Page
Со овој правилник се регулираат правата и обврските на корисниците на електронски комуникации и операторите во Република Македонија.
Агенцијата за електронски комуникации го усвои овој нов правилник 29.01.2015 година, а ќе стапи во сила од денот на објавување во Службен весник на Република Македонија. Покрај усогласување со новиот Закон за електронските комуникации за создавање на овој правилник големо влијание имаа барањата за решавање на спорови од страна на граѓаните кои АЕК ги доби во изминатата година, според кои до АЕК во втората половина на 2014 година пристигнаа вкупно 792 вакви барања.
Поважни работи кои се воведени во овој правилник се:
Претплатничкиот договор треба да биде во јасна, сеопфатна и лесно достапна форма и треба особено да содржи податоци и информации вклучително за:
  • услугите што се обезбедуваат, опис на услугата, начин на тарифирање, рекламирана брзина на проток на податоци при download и upload, минимална брзина на проток на податоци при download и upload, програмскиот пакет односно листата на програмски сервиси кои операторот ги реемитува во моментот на склучување на претплатничкиот договор, а за кои е издадена потврдата за регистрација од страна на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, информација за вклучената количина на податоци и цената и условите при надминување на оваа количина;
Операторот има обврска за известување на претплатниците за сите предложени измени на условите во договорот во рок не пократок од 30 дена. Доколку претплатникот не ги прифаќа новите услови може без казнени пенали да го раскине договорот.
  • Во спротивно, доколку не се исполнети условите пропишани во договорот, претплатникот ќе може да го раскине претплатничкиот договор без плаќање на казнени пенали за раскинување на договор.
Контрола на трошоци согласно со член 100 од ЗЕК, со што ќе се оневозможи прекумерно направени трошоци за користење на електронска комуникациска услуга во земјата и странство:
  • Начин на контрола на трошоци како составен дел на претплатнички договор за вкупен сообраќај и
  • Максимална вредност на трошоци од 1000 денари за интернет во роаминг.
  • Максимална вредност на трошоци од 3000 денари за повици и смс во роаминг
  • Максимално времетраење на договорот од 24 месеци, без можност за автоматско продолжување на договорите- транспарентност (склучување на претпалтнички договор по ценовник) и недискриминација (еднакви услови за исто поставени претплатници).
Со овој правилник исто така се поттикнува коористење на електронска комуникација помеѓу операторот и претплатникот за што претплатникот треба да даде согласност и email адреса за контакт.