Секторот, согласно Законот за електронски комуникации, ги извршува задачите за кои е надлежна Агенцијата во делот што се однесува на контролата на радиокомуникациите и во делот на надзорот над спроведувањето на Законот и подзаконските акти.
Контролата на радиокомуникациите се врши по пата на прием на емисии на радиостаници (радиомониторинг) од фииксни радиомониторинг станици (Контролно мерни центри – КМЦ) со посада во Скопје, Битола и Штип, далечински управувани радиомониторинг станици без посада и од мобилни радиомониторинг станици. Со цел да се обезбеди рационално и законско користење на радиофреквенцискиот спектар Секторот врши радиомониторинг поради:
- истражување и решавање на пречки во радиокомуникациите;
- контрола на техничките и експлотационите услови под кои работат радиостаниците со Одобрение за користење на радиофреквенции;
- откривање на радиостаници кои работат без Одобрение за користење на радиофреквенции;
- утврдување на зафатеноста на радиофреквенцискиот спектар со емисии на радиостаници од Р.М и од соседни и други земји;
Инспекцискиот надзор за спроведувањето на Законот и подзаконските акти се врши преку инспектори за електронски комуникации од Контролно мерните центри Скопје, Битола и Штип. Инспекцискиот надзор се врши поради:
- преземање на мерки за решавање на пречки во радиокомуникациите;
- прекинување на емисии на радиостаници кои работат без Одобрение за користење на радиофреквенции;
- проверка на усогласеноста на параметрите на легалните радиостаници со параметрите дадени во Одобрението за користење на радиофреквенции;
- преземање на мерки кон оператори на јавни комуникациски мрежи и/или даватели на јавни комуникациски услуги кои работат без нотификација;
- проверка на нотифицирани оператори на јавни комуникациски мрежи и/или даватели на јавни комуникациски услуги во однос условите од нотификацијата ;
- решавање на приговори од корисници на електронски комуникациски услуги;
Во случај на утврдена неправилност при вршење на инспекцискиот надзор, инспекторите за електронски комуникации постапуваат во согласност со овластувањата кои им се дадени во Законот.
Контакт со Секторот за контрола и мониторинг на радиофреквенции
- Петар Иваноски
Раководител на Сектор за контрола и мониторинг на радиофреквенции
petar.ivanoski@aec.mk
тел. 047 207063, моб. 075 38 38 09
{faq}КМЦ Скопје Битола Штип{/faq}