Во духот на развивањето на добрата меѓусоседска соработка и препознавајки ја важноста на електронските комуникации во развојот на општествената социјална и економска благосостојба, Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) како најважен сегмент во овој сектор во Република Северна Македонија, на ден 21.10.2022 година склучи Меморандум за соработка со Органот за електронски и поштенски комуникации на Република Албанија (АКЕР) со кој ги дефинира аспектите на соработка и дизајнирање на политиките и програмите за спроведување со регулаторните предизвици во двете земји и регионот, при тоа претпочитајки ги добрите Европски практики и меѓународните обврски воспоставени во оваа сфера.
На состанокот кој беше одржан по повод потпишувањето на предметниот Меморандум за соработка присуствуваа членови на највисокото раководство на регулаторните тела , при што беа потенцирани аспектите на соработка и координација во однос на имплементација во блиска иднина на 5G технологиите, особено во однос на прекуграничното усогласување на фреквенциите.
Согласно препораките на ЕК: ECC/REC (05)08, ECC/REC (08)02 и ECC/REC (01)01, работните групи на двете регулаторни тела, на своите претходни билатерални состаноци ја констатираа неопходноста од координација на фреквенциите во пограничните области и ги надминаа предизвиците со кој се соочија , а резултатите ги преточија во Прекуграничен технички Договор за усогласување на фреквенциите кој беше исто така потпишан на средбата одржана на 21.10.2022 година од страна на раководствата на релевантните институции.
За важноста и добрата соработка на двете регулаторни тела можеше да посведочи и присуството на Неговата Екселенција Амбасадорот на Република Албанија Фатос Река кој во својот говор ги пофали добрите односи на овие две регулаторни тела кои се одвиваат во насока на одлична соработка во билатерална и регионална сфера при тоа регулирајки еден многу важен и најнапреден сегмент од општествената сфера во своите држави и пошироко, за што му беше изразена исклучителна благодарност на издвоеното време и вистинското согледување на состојбите од областа на електронските комуникации и нивната регулација .