Select Page

Почитувани,

Агенцијата за електронски комуникации би сакала да Ве извести дека, Јавната расправа по Нацрт документот за четврта анализа на пазар за Локален пристап обезбеден на фиксна локација и петта анализа на пазар за Централен пристап обезбеден на фиксна локација за производи од широка потрошувачка, со објавен краен рок до 12.01.2022 година се продолжува до 14 Февруари 2022 година. Агенцијата за електронски комуникации реши да ја продолжи Јавната расправа по објавениот обемен Нацрт документ поради големиот број на празници во рокот кој што беше објавен за собирање на мислења и забелешки од заинтересираните страни.

Агенцијата за електронски комуникации, согласно член 13 од Законот за електронски комуникации (Службен весник на Република Македонија број 39/2014, 188/2014, 44/2015, 193/2015, 11/2018,  21/2018 и Службен Весник на Република Северна Македонија број 98/2019 и 92/2021), отвора јавна расправа по Нацрт документ за четврта анализа на пазар за Локален пристап обезбеден на фиксна локација и петта анализа на пазар за Централен пристап обезбеден на фиксна локација за производи од широка потрошувачка.

Се повикуваат сите заинтересирани субјекти да ги достават своите мислења и забелешки во јавната расправа најдоцна до 12.01.2022 год. на следната адреса:

Агенција за електронски комуникации, ул. Кеј Димитар Влахов бр.21 1000 Скопје

или по електронски пат на следниве адреси: 

aleksandar.kocevski@aec.mk

marjan.pejovski@aec.mk



Дополнителни информации:

Почеток на јавна расправа: 29/11/2021
Крај на јавна расправа: 12/01/2022
Адреса за достава на коментари и мислења: Агенција за електронски комуникации, ул. Кеј Димитар Влахов бр.21 1000 Скопје