Радиофреквенци можат да користат физички и правни лица врз основа на одобрение за користење на радиофреквенции што го издава АЕК согласно План за доделување и користење на РФ во РМ.
Определени радиофреквенции можат да се користат без одобрение во согласност со Правилник за радиофреквенции кои можат да се користат без одобрение за користење на радиофреквенции.
При издавањето на одобрение за користење на радиофреквенции, Агенцијата мора да ги почитува начелата на објективност, транспарентност, недискриминација и пропорционалност, а при издавањето на одобрение за користење на радиофреквенции за обезбедување на јавни електронски комуникациски услуги мора да води сметка и за остварување на целите и регулаторните начела утврдени со Законот за електронски комуникации. Корисниците на радиофреквенции врз основа на одобрение за користење на радиофреквенции на Агенцијата и плаќаат годишен надоместок за користење на радиофреквенции, почнувајќи од датумот на издавање на одобрението, согласно Правилник за начинот на пресметка на годишниот надоместок за користење на радиофреквенции.
Агенцијата издава одобрение за користење на радиофреквенции врз основа на барање или во постапка на јавен тендер.
- Правилник за радиофреквенции кои можат да се користат без одобрение за користење на радиофреквенции
- Правилник за начинот на пресметка на годишниот надоместок за користење на радио фреквенции
- План за доделување и користење на радиофреквенции во Република Северна Македонија
- План за намена на радиофреквенциски опсези во Република Северна Македонија
- Правилник за користење на радиофреквенции во радиоаматерска служба
- Програма за полагање на радиоаматерски испит
- Правилник за формата и содржината и потребната документација што се доставува со барањето за издавање на одобрение за користење на радиофрекфенции
- Правилник за формата и содржината на барањето за согласност за пуштање на пазар и ставање во употреба на радио опрема која користи радиофреквенциски опсези што несе хармонизирани на ниво на ЕУ
- Правилник за интероперабилност на дигитални интерактивни телевизиски услуги
- Правилник за интероперабилност на дигитална телевизиска опрема