Skip to content

Универзална услуга

Универзална услуга претставува пакет од минимален број на јавни електронски комуникациски услуги со определен квалитет, достапен со прифатлива цена за сите крајни корисници во РМ , без оглед на нивната географска локација.

Универзалната услуга опфаќа:

    • Поврзување на крајниот корисник со јавната телефонска мрежа, на негово барање со овозможување на пристап до јавните телефонски услуги на определена географска локација , овозможувајќи му дојдовни и појдовни повизи во локалниот, националниот и меѓународниот телефонски сообраќај, комуникации преку факсимил и пренос на податоци со брзина од минимум 2400 бит/с ;
    • Обезбедување достапност на податоците од единствениот телефонски именик и од службата за информации за евиденција на сите телефонски претплатници во РМ ;
    • Обезбедување на јавни телефонски говорници од кои е возможно без надомест да се бираат службите за итни повици, за да се задоволат потребите на крајните корисници од аспект на географска опфатеност со задоволителен број на јавни телефонски говорници , со можност за пристап на корисниците со посебни потреби и со соодветен квалитет на услугата и
    • Обезбедување на услови за еднаков пристап и употреба на јавните телефонски услуги од страна на крајните корисници со посебни потреби, вклучувајќи и пристап до броеви на службите за итни повици, достапност на податоците од телефонскиот именик за сите претплатници во РМ , како и на другите крајни корисници.
    • Правилник за обезбедување на услугите опфатени со универзалната услуга

Со овој правилник се пропишува начинот и условите за обезбедување на услугите опфатени со универзалната услуга, барањата за квалитет на услугите опфатени со универзалната услуга, параметрите за квалитет и нивното мерење, висината на средствата за надоместување на реалните трошоци за вршење на услугите опфатени со универзална услуга како и методот за пресметување на реални трошоци и нематеријални поволности за обезбедување на услугите опфатени со универзалната услуга.

Документи во универзална услуга

Документи во телекомуникации

Брзина на интернет

Агенцијата за Електронски Комуникации обезбедува две алатки со кои корисниците...

Правилник за изменување и дополнување на правилникот за утврдување на формата и содржината на барањето за доделување на броеви и серии на броеви, податоците што се приложуваат кон барањето како и начинот и постапката за доделување на броеви

Правилник за изменување и дополнување на правилникот за утврдување на...

Правилник за утврдување на формата и содржината на барањето за доделување на броеви и серии на броеви, податоците што се приложуваат кон барањето како и начинот и постапката за додлеување на броеви и серии на броеви од Планот за нумерација

20141215_Pravilnik_za_utvrduvanje_na_formata_i_sodrzhinata_na_baranjeto_za_dodeluvanje_na_broevi_i_serii_na_broevi_-_SlVesnik_190-2014_.pdf

Јавна расправа по Правилник за утврдување на формата и содржината на барањето за доделување на броеви и серии на броеви, податоците што се приложуваат кон барањето како и начинот и постапката за доделување на броеви и серии на броеви

Агенцијата за електронски комуникации отвара јавна расправа по “Правилник за...

Авторски права © 2024 Агенција за електронски комуникации. Сите права се заштитени.