Select Page

Универзална услуга претставува пакет од минимален број на јавни електронски комуникациски услуги со определен квалитет, достапен со прифатлива цена за сите крајни корисници во РМ , без оглед на нивната географска локација.

Универзалната услуга опфаќа:

  • Поврзување на крајниот корисник со јавната телефонска мрежа, на негово барање со овозможување на пристап до јавните телефонски услуги на определена географска локација , овозможувајќи му дојдовни и појдовни повизи во локалниот, националниот и меѓународниот телефонски сообраќај, комуникации преку факсимил и пренос на податоци со брзина од минимум 2400 бит/с ;
  • Обезбедување достапност на податоците од единствениот телефонски именик и од службата за информации за евиденција на сите телефонски претплатници во РМ ;
  • Обезбедување на јавни телефонски говорници од кои е возможно без надомест да се бираат службите за итни повици, за да се задоволат потребите на крајните корисници од аспект на географска опфатеност со задоволителен број на јавни телефонски говорници , со можност за пристап на корисниците со посебни потреби и со соодветен квалитет на услугата и
  • Обезбедување на услови за еднаков пристап и употреба на јавните телефонски услуги од страна на крајните корисници со посебни потреби, вклучувајќи и пристап до броеви на службите за итни повици, достапност на податоците од телефонскиот именик за сите претплатници во РМ , како и на другите крајни корисници.
  • Правилник за обезбедување на услугите опфатени со универзалната услуга

Со овој правилник се пропишува начинот и условите за обезбедување на услугите опфатени со универзалната услуга, барањата за квалитет на услугите опфатени со универзалната услуга, параметрите за квалитет и нивното мерење, висината на средствата за надоместување на реалните трошоци за вршење на услугите опфатени со универзална услуга како и методот за пресметување на реални трошоци и нематеријални поволности за обезбедување на услугите опфатени со универзалната услуга.

 


ДОКУМЕНТИ ВО УНИВЕРЗАЛНА УСЛУГА

ДОКУМЕНТИ – ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ