Select Page
Генералната цел на оваа анализа е да го утврди односот на македонските печатени медиуми кон работата на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК). При нејзиното изготвување, печатот ќе биде третиран како еден од главните креатори на јавното мислење, а неговиот однос кон работата на АЕК како важен индикатор на односот на пошироката јавност кон Агенцијата и еден од основните фактори за изградбата на нејзиниот јавен имиу. Анализата ќе ги опфати како ставовите на печатот (т.е. на одделните печатени медиуми), така и изјавите и ставовите на другите фактори кои влијаат на формирањето на јавното мислење, како што се политичките партии, експертите, невладините организации и слично, а кои се пренесени од страна на печатените медиуми. Покрај содржината на новинските статии и директните коментари за активностите на АЕК содржани во нив, како индикатор за односот на печатените медиуми ќе бидат земени и редакциската опрема на текстовите (наслови, наднаслови, поднаслови, „хајлајти”) која сугерира определен став на медиумот кон пласираната информација, медиумскиот простор посветен на информациите за работата на АЕК, како и медиумскиот простор отстапен за позитивни и негативни коментари на трети страни (политички партии, експерти, невладини организации, заинтересирани граѓани и сл.) поврзани со одцелни аспекти од работата на Агенцијата.
Заради остварување на целта на анализата, прегледани се 183 новински статии објавени во периодот од 1 јануари 2009 до 1 февруари 2012 година, во кои во различен контекст се споменуваат активностите на АЕК (или директно се третираат различни аспекти од нејзината работа), а кои се зачувани и достапни во рамките на Електронската новинска архива на Институтот „Евро Балкан”. Основни методи употребени при изработката на анализата се методите анализа на содржина и анализа на дискурс.

Извештај Анализа Евро Балкан


Поврзани вести:

More posts: 20092012 анализа извештај печатени медиуми работа на АЕК