Со ова соопштение Ве известуваме дека Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) отпочнува со процесот на развој и имплементација на методологија за регулирање на малопродажни цени за оператор со значителна пазарна моќ на релевантни пазари за продажба на производи и услуги на мало. Методологијата ќе се развива во соработка со Аналусис Мејсон- Италија врз основа на склучен договор во согласност со оглас за доделување на јавна набавка бр.08/2011. Воедно ги покануваме сите заинтересирани страни на јавен состанок кој ќе се одржи на ден 26.10.2011 година, со почеток во 09:00 часот, во просториите на Контролно Мерен Центар – Зајчев Рид. Тема на состанокот ќе биде запознавање со процесот на развој на методологијата за регулирање на малопродажни цени кој ќе биде спроведен во наредниот период.